https://www.flickr.com/photos/147696170@N02/31937944434/in/photolist-QEfjbo-GB6ap9-21YSDWS-2nkfHwB-2h94hgZ-KfcQaU-HTcsN4-Mv35RL-2bqkxkF-Lk5iov-2krewX1-NNGnxL-2nF7uMt-SC5ErW-2jXHXtb-2n1PFES-2n1Ro36-2jXEjpQ-MU15YZ-2jXJNTu-2jXHXtw-NJnpTR-2jXJNUB-UdP29y-2nkfHAu-2kVAdX3-4XkNRt-2e5763q-YZWDkf-VVmAPY-2nHKVvv-2nhdeZd-JJmmbv-JJmkyD-271Edye-25CjXuj-2mHYsE5-MWCJse-2nNuabP-QLRcyA-K8RDGw-E8hBjr-25CkjgE-2nNua5M-25CjYXj-2nhyd1f-29gorN2-QPTXcw-2nhyd15-2nLmqiR

29.09.2022 Скопје

Пратеникот од редовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во гостување на една национална телевизија, изјави дека Отворен Балкан е повеќе рекламна парола, отколку реална придобивка.

Милошоски објасни дека СДСМ и ДУИ го имаат мнозинството во комисијата и доколку навистина Отворен Балкан им е приоритет тогаш има начин или претседателот на Собранието Талат Џафери да ја свика Комисијата, или пак една третина од мнозинството да побараат свикување со точки на дневен ред.

Милошоски кажал дека тоа што можел да го провери и забележи од официјалните сајтови е дека во Србија се ратификувани тие договори, во Албанскиот парламент се уште не се, и штом ќе бидат ратификувани во Албанија ќе бидат ратификувани и во Собранието на Северна Македонија.

Власта само бара изговори и не ги користи механизмите за она кое е приоритет, кажа Милошоски, бидејќи ако смета Талат Џафери дека Отворен Балкан е приоритет и дека ратификацијата на еден или два документи ќе смени нешто драматично во Северна Македонија, и дека ќе ја подобри економската состојба на државата, може да свика комисија која е настрана од свикувањето од било кој претседател на тоа работно тело и да бидат поминати тие документи.

Секако доколку се сака се може, кажа Милошоски, но на СДСМ и ДУИ им треба само да имаат одредена тема која што би се користела за дневни препирки и која што би користела како покритие за неуспехот и слабоста на македонската економија во споредба со Србија и Албанија, иако сепак сметам дека Владата е најодговорна за тоа што Отворен Балкан стои во место.

Подготвено од М.Н.

About Author