29.09.2022 Скопје
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека руските граѓани кои бегаат поради мобилизцијата која ја објави рускиот претседател Владимир Путин минатата недела, се добредојдени во Албанија.
Албанскиот премиер Рама, изјавил дека сите Руси кои ја напуштаат земјата затоа што не сакаат да се борат, се добредојдени во Албанија.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, во своето обраќање во Обединетите Нации, го искажа својот став, и додаде дека во некои делови на окупираната територија на Украина, под закана со оружје се има одржано референдум за фарса.
Поради тоа Албанија има донесено одлука, границите на земјата да бидат отворени за Руското население кои што се мобилизира, односно бега од својата земја бидејќи не ја поддржуваат агресијата на својот лидер Владимир Путин.
Подготвено од М.Н.