https://www.facebook.com/photo.php?fbid=590106555809130&set=pb.100044293726366.-2207520000..&type=3

08.05.2022 Скопје

Македонскиот народен театар објави дека добитник на годинешната награда за животно дело, насловена по неговиот дедо Петре Прличко, е Игор Џамбазов.

Во соопштението на Македонскиот народен театар стои дека Џамбазов е актер кој претставува заштитен знак на македонскиот театар и филм, воедно преку неговите остварени ликови се испишува и голем дел на историјата на театарот, во кој ги остварува некои од своите најпознати улоги. Игор Џамбазов е актер кој своите ликови успешно ги реализира на начини кои го вреднуваат на највисокото и најпрепознатливо ниво.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *