08.05.2022 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски излезе со став дека прифаќа лидерска средба на стратешки теми, но не и за предвремени избори. Тој додаде и дека работата на Собранието не може да се диригира од лидерски средби.
Со овој став премиерот Ковачевски искочи два дена пред да стапи на сила одлуката на опозицијата за активно блокирање на Собранието, доколку не се донесе одлука за предвремени парламентарни избори.
Подготвено од А.Ѓ.