19.04.2022 Скопје
Борбата против трговија со луѓе и криумчарење на мигранти е поставена на висока агенда во нашата држава.
Завршната обука за криумчарење на мигранти и други облици на транснационален криминал, како и дел од серијата од осум обуки што беа спроведени во рамки на проектот „Поддршка на националниот капацитет во борба против криумчарење мигранти и други видови организиран криминал во Република Северна Македонија“ е финансиран од Кралството Холандија.
На завршниот настан, обраќање имаа министерот Оливер Спасовски и Магдалена Несторовска, а беше присутен и амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп.
Подготвено од М.Н.