https://www.facebook.com/FIBA/photos/a.10150711027156271/10160350556281271

19.04.2023 Скопје

На собирот на највисокото тело на светската кошаркарска федерација, закажан за 28 и 29 април, ќе бидат познати и националните федерации кои ќе бидат во улога на домаќини, односно организатори на петте претквалификациски турнири, потврдија од канцеларијата на ФИБА во Женева.

На состанокот на централниот Борд на ФИБА, ќе бидат потврдени и последните две места, односно замените за Велика Британија која го откажа настапот на овие турнири, и Русија и Белорусија, која со препорака на Интернационалниот Олимписки комитет и потврда од Извршниот комитет на ФИБА, не доби дозвола за настап.

Овие две места ги добија националните селекции на Хрватска, како најдобро рангирана од оние кои не успеаја да го поминат вториот круг на претквалификациите за ЕП 2025, и Бугарија која има втор најдобар резултат во истиот претквалификациски циклус.

Имињата на петте земји кои ќе ја добија улогата на организатори-домаќини на петте претквалификациски турнири ќе бидат соопштени по седницата на Централниот Борд, додека пак ждрепката на групите за овие турнири ќе биде реализирана на 1 мај.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *