04.03.2026 Скопје
Вкупно 10.615 работни места во последниот квартал лани биле слободни или 2,14% од вкупниот број работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем број слободни работни места, 2.387, прикажале услужните дејности и трговијата.
Највисока стапка на слободни работни места од 4,39% има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, каде што се слободни 847 работни места.
Најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,09 % или само 7 слободни работни места.
Во преработувачката индустрија слободни се 2.482 работни места.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 %.
Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,64 %.
Подготвено од М.Д.