bubreg-svetski-den-nefron (1)

12.03.2026 Скопје

Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ по повод Светски ден на бубрегот во РС Македонија денеска во Скопје организира настанот под мотото „Бубрежно здравје за сите: Грижа за луѓето, заштита на планетата’’.

На отворањето на настанот, како што најавува организаторот, ќе се обратат министерот за здравство, Азир Алиу; директорот на Фонд за здравствено осигурување на РС Македонија, Сашо Клековски; директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за нефрологија, Никола Ѓеорѓиевски, претседателот на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, Гоце Спасовски и претседателот на Здружение НЕФРОН, Душко Ѓоргиев.

На настанот е предвидена интерактивна дискусија посветена на бубрежните болести (превенција, раното откривање, третман) и предизвиците со кои се соочуваат бубрежно болните лица, на која, како што е најавено, учество ќе земат членови на Здружението Нефрон, пациенти на дијализа, лица со трансплантиран бубрег, донори на органи како и претставници од здравствени институции, медицински компании, Националниот координатор за трансплантација и дијализни центри.

Целта е преку заедничка дискусија да се унапреди грижата и третманот на бубрежно болните лица во РС Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author