MARK RUTE 2

05.03.2026 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика вистински земјотрес во меѓународната дипломатија со изјавата дека членките на Алијансата фундаментално ја поддржуваат операцијата на Доналд Трамп за уништување на нуклеарниот и ракетниот арсенал на Иран.

Иако официјално НАТО не е вклучен, Руте откри дека сојузниците обезбедуваат „клучна помош“ за американско-израелската кампања.

Веднаш по интервјуто на Руте, се огласи и претседателот Трамп на својата мрежа „Truth Social“, упатувајќи јавни благодарам до, како што го нарече, „големиот генерален секретар“. Руте потенцираше дека Техеран е постојана закана за Европа, потсетувајќи на заговорите за атентати врз иранската дијаспора во европските метрополи.

Подготвено од М.Д.

About Author