Logo-eurovision-junior-bleu-nuit-1

10.03.2026 Скопје

РС Македонија е одбрана за домаќин на детскиот „Евросонг 2026“. Ова ќе биде првпат Евровизија да се одржи во РС Македонија, и првпат од 2008 година да се одржи во една земја од поранешна Југославија, кога Белград беше домаќин.

„Франција се откажа, а Република Северна Македонија беше пред нас во апликацијата, така што тие ќе бидат домаќини“, откри генералниот директор на Сан Марино, Роберто Серџо. А, откако Франција го освои натпреварот во 2025 година, таа одби да биде домаќин. По одговорот на Серџо, се одржа дискусија помеѓу генералниот директор и шефот на делегацијата, Дени Монеци.

За времето на дискусијата, се случи овој муабет: „Франција се откажа, па ќе одиме… Во Црна Гора? Не, не, таму. Одиме (оваа есен) во Република Северна Македонија. Не требаше ова да ви го кажам, но веќе го кажав.“

Доколку информациите бидат дефинитивно потврдени од Европската радиодифузна унија или од Македонската РТВ, тоа ќе биде првпат од 2008 година да се одржи евровизиски натпревар во поранешна Југославија, кога беше домаќин Белград, главниот град на Србија и би бил првиот евровизиски натпревар што ќе се одржи во Република Северна Македонија. Инаку, РС Македонија дебитираше на првата детска Евровизија во 2003 година со дуетот Марија и Викторија. Најдобриот резултат го постигна во 2007 и во 2008 година со пласман на петтата позиција. Лани, Нела Манческа со песната „Miracle“ го освои 7. место со 141 поен, добивајќи максимални 12 поени од жирито од Италија и Црна Гора.

Досега, учеството (на натпреварот кај нас, во РС Македонија) веќе го потврдија: Грузија, Ирска, Холандија, Полска, Португалија и Сан Марино. Некои претходни учесници, како Белгија, Данска, Германија, Норвешка, Словенија, Шведска и Велс, решија да не се враќаат, додека Чешка, Финска и Исланд нема да дебитираат.

Подготвено од М.Д.

About Author