20260304081358_big_730x400_77

04.03.2026 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во рамките на неговата посета на Република Северна Македонија, се сретна со премиерот Христијан Мицкоски.

„Во духот на сојузништвото и споделените вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во одржувањето на стабилноста и мирот, како и придонесот на нашата држава во рамките на колективната одбрана“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој нагласи дека средбата ја потврди непоколебливата определба на земјата за понатамошно зајакнување на соработката со НАТО и активно да придонесува кон регионалната и глобалната безбедност.

„Средбата претставува потврда за силното партнерство и меѓусебната доверба, како и нашата решеност да продолжиме да дејствуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО“, изјави Мицкоски.

Подготвено од М.Д.

About Author