kamioni (1)

12.03.2026 Скопје

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекртарен влез и излез од Шенген зоната, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Како што информира Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, веќе се разговара на билатерално ниво со неколку држави од ЕУ кои се истовремено и членки на Шенген зоната.

Предизвикот со транспортерите е пред нас и ние ќе мораме да го решаваме. Беше тука комесарот кој е задолжен за влез/излез системот. Ние како држава тука сме проактивни, нашата дипломатија и министерствата за внатрешни работи и транспорт работат заедно. Веќе имаме на билатерална основа разговор со неколку држави од Европската Унија кои истовремено се и членки на Шенген зоната, така што најверојатно начинот на кој ќе се реши тој проблем, ќе биде преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната, потенцира премиерот.

Тој потсети дека транспортерите не ги опфаќаат само карго превозниците, туку и патничкиот сообраќај.

Подготвено од М.Д.

About Author