kamioni (1)

05.03.2026 Скопје

Претседателот на Меѓународното транспортно бизнис здружение, Неџо Мандиќ, изјави дека здруженијата на превозници на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија ќе се состанат во Белград во петок за да се договорат за понатамошните чекори поради проблемите што ги имаат професионалните возачи со системот за влез и излез во Европската унија (ЕУЗ).

Мандиќ рече дека на состанокот ќе се приклучат и здруженијата на возачи.

Работната група на Европската комисија ги отфрли предлозите на превозниците од Западен Балкан да бидат ослободени од новите Шенген правила, односно престој од 90 дена во рок од 180 дена.

Црногорските превозници ќе блокираат два гранични премини на 12 март, а истата одлука ја донеле и нивните колеги од Босна и Херцеговина.

Се очекува утре или задутре одлуката за блокада на границите да ја потврдат и камионџиите од РС Македонија.

Како што е познато, Европската комисија ги одби сите предлози на превозниците од земјите од Западен Балкан  за да се најде компромис за ограничувањето на престојот во Шенген зоната согласно правилото 90 дена престој во период од 180 дена. Брисел потврди дека тоа е конечна линија и дека транспортерите мора да се прилагодат на правилото 180/90, без посебни исклучоци за професионални возачи.

Подготвено од М.Д.

About Author