02.03.2026 Скопје
Американскиот претседател Доналд Трамп разговарал по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и најави дека наскоро би можел повторно да ѝ се обрати на јавноста додека траат воените операции во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја изнесе, како што ја опиша, можната временска рамка за конфликтот на САД со Иран, сугерирајќи дека операцијата би можела да трае неколку недели.
Отсекогаш беше замислено како процес од четири недели. Сметавме дека ќе трае околу четири недели. Колку и да е силна земјата, таа е голема држава, ќе бидат потребни четири недели или помалку – изјави Трамп.
Неговите изјави претставуваат најјасна индикација досега за тоа колку долго администрацијата очекува да продолжи воената кампања.
Трамп најави дека наскоро би можел повторно да ѝ се обрати на јавноста додека траат воените операции во Иран.
Американскиот претседател, исто така, разговарал по телефон со премиерот Бенјамин Нетанјаху, според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Трамп разговарал и со претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед ал Нахјан, и со кралот на Бахреин, Хамад бин Иса Ал Калифа. Двете земји од Персискиот Залив беа погодени од ирански напади оваа недела.
Подготвено од М.Д.