11.03.2026 Скопје
Европската Унија прави историски пресврт во својата енергетска политика. На Самитот за нуклеарна енергија во Париз, лидерите на ЕУ порачаа дека без „атомот“ нема ниту зелена иднина, ниту енергетска независност.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше невообичаено директна во своето признание:
„Да се сврти грбот на нуклеарната енергија беше стратешка грешка. Во 1990-тите, нуклеарките покриваа една третина од потребите на Европа, а денес сме паднати на само 15%. Мораме да го вратиме овој капацитет ако сакаме стабилност.“
Францускиот претседател Емануел Макрон додаде дека нуклеарната енергија е клучот за суверенитетот на континентот:
„Ова не е избор меѓу сонцето и нуклеарките. Ни требаат и двете. Нуклеарната енергија е столбот што ќе ни овозможи да не зависиме од туѓ гас и нафта, додека истовремено ја спасуваме планетата.“Што се менува на терен? ЕУ најави фонд од 200 милиони евра како гаранција за привлекување приватни инвестиции во нуклеарниот сектор. Главен фокус ќе бидат Малите модуларни реактори (SMR) – нова технологија која е поевтина, побрза за градба и може да се интегрира директно во индустриските зони.
Целта е јасна: ЕУ сака да ја прекине секоја енергетска врска со Русија и да изгради сопствен синџир на снабдување со ураниум, потпирајќи се на сопствени капацитети и стратешки партнери.
Подготвено од М.Д.