MARKET 5

12.03.2026 Скопје

Треба да има фер цени на производите и да нема ново зголемување, заклучиле Владата и претставниците на големите маркети на средбата одржана во Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук соопшти дека нема да интервенираат на пазарот без причина, но и дека нема да дозволат профитерство.

Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа, стои во објавата.

По случувањата на Блискиот исток, во понеделникот се зголеми цената на дизелот за 14,5 денари за литар, а на бензините за пет денари.

Засега од Владата не планираат да прогласат кризна состојба и да интервенираат на пазарот на енергенси со намалување на данокот за увоз на нафтени деривати или со намалување на акцизите.

Од друга страна, опозицијата веќе излезе со предлог мерки за да се заузда растот на цените.

Подготвено од М.Д.

About Author