05.03.2026 Скопје
Продолжува црната серија на насилство врз жени во повеќе градови во РС Македонија. Во вчерашниот Билтен на МВР се наведени три примери на кривични дела извршени од мажи врз свои или туѓи сопруги, поранешни сопруги или партнерки, кои се случиле во текот на вчерашниот и денешниот ден.
Во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево вчера попладне го лишиле од слобода С.В.(49) од Делчево. Според пријавеното, тој околу 15:00 часот отишол во домот на М.К.(37) од Делчево и поради нерасчистени должничко – доверителски односи агресивно се однесувал кон неговата невенчана 35-годишна сопруга, по што со употреба на сила одзел телевизор и клучеви од куќата. Одземеното е пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.К.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 03.03.2026 околу 23:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје денеска во 09:00 часот извршија службен разговор со И.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.03.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Подготвено од М.Д.