iran-fires-ballistic-missiles-at-israel-at-night

02.03.2026 Скопје

Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се наоѓаат во ризичните подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за информираат дека досега повеќе од 150 граѓани стапиле во контакт со амбасадите во Тел Авив, Доха и во Абу Даби, барајќи информации за можностите за евакуација.

Од МНР посочуваат дека со сите пријавени луѓе се одржува редовна комуникација и дека, доколку се одлучат за евакуација, ќе бидат преземени потребните подготовки за нивна безбедна асистенција и враќање во земјава.

Министерството нагласува дека преку дежурниот телефон и дипломатско-конзуларните претставништва останува постојано достапно за граѓаните, апелирајќи до сите што се наоѓаат во регионот строго да ги следат упатствата на локалните безбедносни институции.

Поради актуелната состојба, од вчера во рамки на Министерството функционира кризен штаб кој е достапен 24 часа за информации и поддршка.

За дополнителна помош на располагање се следните контакти:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546

Подготвено од М.Д.

About Author