12.03.2026 Скопје
Министерството за финансии (МФ) по спроведен надзор алармира за низа измамнички практики кај финансиските друштва кои нудат брзи кредити.
Констатирано е дека многу од нив ги доведуваат граѓаните во заблуда преку рекламирање „бесплатни“ кредити со нула проценти камата, додека во договорите сокриваат високи дополнителни трошоци.
МФ им наложи на сите друштва веднаш да ги отстранат спорните реклами и натписи кои ги мамат потрошувачите.
„Одредена трговска практика е измамничка доколку изостануваат битни информации потребни за правилна одлука“, прецизираат од министерството, најавувајќи остри мерки доколку неправилностите не се исправат.
Подготвено од М.Д.