03.03.2026 Скопје
Страшна трагедија го потресе скопскиот Карпош, откако мајка и нејзиното дете ги загубија животите по пад од балкон на шести кат во станбена зграда, во комплексот „Алумина“.
Според првичните информации од надлежните институции, инцидентот се случил околу 14:15 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кога жената и детето паднале од стан на шестиот кат на зградата. Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристигнала на местото, но лекарите само можеле да ја констатираат смртта кај двете лица.
Засега не е објавено кој е идентитетот на загинатите, но неофицијално се работи за жена околу 45-годишна возраст и девојче на околу 10 години. Надлежните полицајци и обвинители извршуваат увид на местото на настанот и работат на утврдување на околностите под кои се случил трагичниот пад.
Жителите на областа сведочат за зголемено полициско присуство околу зградата по трагедијата, додека институциите најавуваат подетални информации откако ќе заврши истрагата.
Повеќе детали околу мотивите и точните околности под кои се случила оваа несреќа засега не се познати.
Подготвено од М.Д.