iran-sad

06.03.2026 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се обидува да постигне договор со САД, но дека, според него, таквите обиди доаѓаат предоцна.

Тие се јавуваат и прашуваат како можат да постигнат договор. Им реков дека малку доцнат – изјави Трамп.

Тој додаде дека во моментов САД немаат намера да ги прекинат операциите и дека американската армија, заедно со Израел, продолжува со нападите врз Иран.

Војската на САД, заедно со нашите израелски партнери, продолжува целосно да го уништува непријателот, и тоа многу побрзо од очекуваното – рече Трамп.

Според него, американските и израелските сили ќе продолжат со воените операции, нагласувајќи дека тие се одвиваат со силен интензитет.

Подготвено од М.Д.

About Author