inflacija-8-696x392.jpg

10.03.2026 Скопје

Годишна инфлација од 2,9% во февруари измери Државниот завод за Статистика.

Според овие податоци цените на мало на годишно ниво пораснале за 1,6%.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари, пак, во однос на претходниот месец пораснала за 0,2%, а цените на мало се намалиле за 0,3%.

Во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Услуги за образование за 4 %, Облека и обувки за 1,1%, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,9 %, Рекреација, спорт и култура, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,2%.

Намалувањето на инфлацијата во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 0,8%, Здравствена заштита за 0,6%, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,5 %, Информации и комуникации за 0,2%, Ресторани и услуги за сместување за 0,1%.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Подготвено од М.Д.

About Author