02.03.2026 Скопје
Од Европската конфедерација на синдикати велат дека се особено загрижени за, како што наведуваат, пријавите и извештаите за лично таргетирање и заплашување врз претставниците на синдикатот.
Сојузот на синдикати доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати во заложбите за зголемување на минималната плата и сите останати плати.
Во писмото упатено до претседателот на ССМ Слободан Трендафилов се вели дека напорите и заложбите на ССМ за одбрана на работничките права, промовирање на фер минимални плати, обезбедување соодветно зголемување на платите и зајакнување на колективното договарање се целосно легитимни и се од големо значење.
Тие ги одразуваат реалните потреби на работниците кои се соочуваат со зголемување на трошоците на живот и зголемена економска несигурност. Вашето залагање за пристојни услови за живот и работа е во сржта на синдикалното дејствување и е цврсто засновано на меѓународните и Европските стандарди на трудот – се вели во писмото.
Подготвено од М.Д.