Evropska-komisija (1)

03.03.2026 Скопје

Европската комисија ги презентираше мерките што ги презема по ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток во последните денови.

Европските комесари одржаа вонредна седница за првична проценка на променетата безбедносна средина, а во петок е превидено повторно да се соберат за да разговараат за промените на пазарот на енергија поврзани со овие случувања.

Работата на Европската комисија ќе се раководи од две задачи – поддршка за земјите од ЕУ и заштита на европските граѓани од негативните последици, се вели во соопштението на институцијата по повод денешниот состанок.

Комисијата соопшти дека ја зголемува поддршката за евакуација и репатријација, вклучително и преку Европскиот механизам за цивилна заштита и Координативниот центар за дејствува во вонредни ситуации.

Комисијата го зголемува набљудувањето на заканите за прекин на транспортот, особено околу Ормутскиот теснец и Црвеното Море, преку поблиска координација со авиокомпаниите, превозниците и националните власти, внимателно ги следи и движењата на цените на енергијата и снабдувањето и тесно соработува со Европол и земјите од ЕУ за можни закани за внатрешната безбедност. Комисијата го зголемува набљудувањето на можниот прилив на мигранти, се вели во соопштението.

Подготвено од М.Д.

About Author