eu-rusija-ss-602e4d330a4f7.jpg.cut.s-602e4d3478d84

16.03.2026 Скопје

Европската Унија мора да воспостави дијалог со Москва за решението на украинското прашање, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.

Договорот со Русија изгледа како единственото можно решение – рече тој во интервју.

Де Вевер ги повика земјите-членки на ЕУ да добијат мандат за преговори со Русија, нагласувајќи дека Москва сè уште не е убедена да се откаже од војната во Украина.

Бидејќи не сме во можност да го заплашиме Владимир Путин со испраќање оружје во Украина, а не можеме економски да го потиснеме без поддршка од САД, ни останува само еден метод: постигнување договор – додаде тој.

Тој изјави дека е можно Русија да клекне само со „100% поддршка од САД“.

Сепак, Де Вевер истакна дека, според него, САД не се целосно на страната на Украина и понекогаш се однесуваат „поблиску до Путин“.

Без мандат да одиме и да преговараме во Москва, ние не сме на преговарачката маса каде што Американците би извршиле притисок врз Украина да го прифати договорот. И веќе можам да кажам дека тоа би бил лош договор за нас – рече Де Вевер.

Да потсетиме дека високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, претходно изјави дека блокот прво мора да се согласи што сака да бара од Русија пред директно да му се обрати на Путин.

Подготвено од М.Д.

About Author