04.03.2026 Скопје
Министерството за надворешни работи соопшти дека Амбасадата на РС Македонија во Абу Даби активно работи на организирање комерцијален лет за евакуација на македонските државјани, поради актуелната несигурна ситуација во регионот.
Граѓаните кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, се повикуваат да стапат во контакт со Амбасадата што побрзо на телефон +971 56 441 7532 или преку е-маил abudabi@mfa.gov.mk.
Безбедноста на македонските државјани е наш највисок приоритет. Пријавените лица ќе бидат навремено информирани за сите детали и услови за безбедна евакуација – велат од Министерството.
Амбасадата и локалните власти во Обединетите Арапски Емирати координираат секој чекор за да се осигура безбедно и организирано враќање на македонските граѓани дома.
Подготвено од М.Д.