zemjotres-makedonija-960x540

11.02.2026 Скопје

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, вечерва во 22.05 часот, беше почувствуван во Скопје.

Земјотресот е регистриран на границата со Косово.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4,6 степени, а епицентарот бил на 47 километри од Скопје, во близина на Призрен во Косово.

Земјотресот е почувствуван во РС Македонија, Косово и Албанија и Србија.

Подготвено од М.Д.

About Author