Evropska-komisija (1)

25.02.2026 Скопје

Европската комисија ќе поднесе законски предлог за трајна забрана за увоз на руска надта на 15 април, три дена по паралментарните избори во Унгарија.

Двајца претставници на ЕУ изјавиле дека тајмингот е осмислен за да се спречи забраната нафтата да стане главен фактор во предизборната кампања во Унгарија.

На изборите на 12-ти април, унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата националистичка партија „Фидес“ се соочуваат со најголемиот предизвик за својата власт во последните 16 години. Орбан ги претставува априлските изборти како остар избор меѓу „војната и мирот“, тврдејќи дека неговите политички противници ќе ја вовлечат земајтта во војна која беснее во соседна Украина, што тие силно го негираат.

Европската унија веќе воведе санкции на увозот на руската нафта која се превезува преку море, но сака во законодавството – кое би останало на сила- да го вброи и целосното постепено укинување на руската нафта, дури и ако мировниот договор за војната во украина доведе до укинување на санкциите на ЕУ, наведува британската агенција.

Споре нацртот на дневниот ред, Европската комисија планира да предложи забрана на увоз на руска нафта на 15 април, а на прашање за коментар, портпаролот на ЕК изравил за агенцијата дека агендите на извршните власти на ЕУ се привремени и дека нема потврдена временска рамка за поднесување на предлогот.

Испораката на руска нафта за Унгарија преку нафтоводот „Дружба“ е прекината од 27 јануари, кога Киев соопшти дека рускиот напад со дрон ја погодил опремата на цевковото во западна Украина.

Подготвено од М.Д.

About Author