02.02.2026 Скопје
Во речиси сите сојузни покраини во Германија денеска ќе има значителни проблеми во јавниот превоз. Причина е предупредувачкиот штрајк на кој повика синдикатот Верди.
Автобусите, трамваите и возовите од подземните железници кај многу општински транспортни компании ќе останат во депо поради штрајкот.
Според Верди, погодени се 15 сојузни покраини. Само во покраината Долна Саксонија сè уште важи обврската за мирување на штрајковите за околу 5.000 вработени, соопшти синдикатот.
Верди ги најави предупредувачките штрајкови во петокот (30.01), така што транспортните компании, како и граѓаните, можеа да преземат некои подготовки.
Во тарифните преговори, кои во сите 16 сојузни покраини најчесто се водат со општинските здруженија на работодавачи, Верди, меѓу другото, бара меѓу пократка работна недела и подолги периоди на одмор, но и повисоки додатоци.
Во услови на штрајк, во основа важи дека вработените сами се одговорни навреме да стигнат на работа – тие го носат таканаречениот „ризик на патување“, нагласи Фолкер Герцел од Здружението на германски адвокати за трудово право. Тоа важи при штрајк исто како и, на пример, при снег и голомразица. Ако работата од дома не е решение, вработените мора да бараат разумни алтернативи.
Подготвено од М.Д.