mickoski-vajc

05.02.2026 Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски во Владата оствари средба со известувачот на Европскиот парламент за РС Македонија, Томас Вајц, на која било разговарано за актуелните политички процеси, реформската агенда и предизвиците во процесот на евроинтеграција на државата.

Како што информира премиерот Мицкоски преку објава на социјалните мрежи, на средбата биле разменети мислења за европската перспектива на земјата, како и за клучните чекори кои треба да се преземат во наредниот период.

Денес остваривме средба со известувачот на Европскиот парламент за РС Македонија, Томас Вајц. Разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за предизвиците и можностите во процесот на евроинтеграција – објави Мицкоски.

Посебен акцент на разговорите, како што наведе премиерот, бил ставен на владеењето на правото, институционалната стабилност и продолжувањето на реформите со цел усогласување со европските стандарди.

Средбата доаѓа во период кога Владата најавува засилен реформски процес и активна дипломатска комуникација со европските институции, со цел забрзување на интеграцијата на РС Македонија во Европската Унија.

Подготвено од М.Д.

About Author