trpe

06.02.2026 Скопје

Владата ги прифати барањата на синдикатот на УПОЗ но со услов – нови гранковни колективни договори во управата и правосудството вели претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Потенцира дека на средбата, во понудата на Владата стои дека власта да ги исплаќа додатоците на плата на вработените во администрацијата и правосудството на 3 рати по 8 проценти. На потег се синдикатите во рамки на УПОЗ дали ќе го прифатат ваквиот предлог или ќе го одбијат.

„Судови и обвинителства ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право. Она што треба да се доработи е да се спреми текстот на овие колективни договори заедно со претставници на владата и синдикатот и тоа да биде ставено на гласање кај нас во синдикат на органи и тела да видиме дали колегите ќе го прифатата на тој начин, доколку прифатат нема никаква пречка за потпишување на тие поединечни колективни договори доколку не го прифатат владата ќе добие наш одговор дека веќе се изгуби една година вработените може ќе бараат повеќе од овој износ што сега е понуден и да видиме дали ќе има условувања од Владата за откажување од нешто друго.“ – вели претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Од Влада се уште не добивме одговор по однос на средбата со синдикатот на УПОЗ.

Од СДСМ велат дека ги поддржуваат барањата на ССМ и дека поради лошата социо-економска состојба на граѓаните предложија Предлог-Законот за минимална плата  од 600 евра и истиот веќе го доставиле во Собрание.

Премиерот Христијан Мицкоски по однос на барањата на ССМ рече дека еден од проблемите е постоечкиот општ колективен договор, смета дека истиот треба да се суспендира и да се донесе нов општ колективен договор. Сојузот на синдикатите на Македонија возврати со  Иницијатива до Собранието, се бара функционерите да си ги намалат нивните плати за 80 проценти и предлагаат основицата за пресметка на платите да важи како за сите останати, потсетувајќи го премиерот дека Владата е таа која што не го почитува Оптшиот колективен договор.

Подготвено од М.Д.

About Author