20.02.2026 Скопје
ВМРО-ДПМНЕ се разликува од останатите политички партии поради конзистентноста во своите ставови, особено кога станува збор за правата на работниците, рече синоќа пратеникот Пеце Милевски, зборувајќи за барањето на Сојузот на синдикатите за зголемување на платите.
И како опозиција дававме поддршка на работниците и на синдикатите и тој дијалог го продолживме и како власт – рече Милевски.
Договорот за минималната плата, додаде Милевски, треба да го постигнат работниците и работодавцвите преку дијалог во Еконмско-социјалниот совет, каде членуваат синдикатите, работодавците и Владата како фасилитатор, согласно закон.
Работниците се во фокусот и решението коешто се бара за минималната плата треба да дојде преку дијалог, односно на средби кои ќе се организираат во Економско-социјалниот совет помеѓу работодавачите и синдикатите. Работниците се многу важни и тие никогаш нема да дозволат да бидат средство за политички пресметки, затоа што се мудри луѓе коишто чесно си го заработуваат својот леб. Владата ќе го прифати предлогот за платата што ќе ја договорат работниците и работодавците – рече Милевски.
Подготвено од М.Д.