be57acccffcd187cf6e8c44fc4a04eb2

11.02.2026 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера на 24 февруари да презентира план за одржување претседателски избори, кои би се одржале заедно со референдум за евентуален мировен договор со Русија. Оваа информација денес ја потврдија украински и западни претставници запознаени со планирањето.

Според рамката што ја дискутираа американските и украинските преговарачи, секој мировен договор со Русија ќе биде одобрен од граѓаните на референдум.

Гласачите би одлучувале за договорот истовремено со националните избори, а претставниците го споменаа мај како можен датум.

Медиум потврди дека Украина веќе ги започнала подготовките.

Подготвено од М.Д.

About Author