donald-tramp-si-djinping-1200x630-1-1024x538

10.02.2026 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да отпатува во Пекинг во првата недела од април на самит со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјавија три лица запознаени со плановите, зборувајќи под услов да останат анонимни.

Трамп се обврзал да ја посети Кина во април по средбата со Си во Јужна Кореја минатата есен, но Белата куќа официјално не ги објави точните датуми на патувањето.
Официјален претставник на Белата куќа изјави дека датумите сè уште не се финализирани.
Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар.

Двајцата лидери разговараа по телефон минатата недела на теми, вклучувајќи ја трговијата и меѓународните конфликти, што се толкува како претходница на претстојната средба.

Трамп рече дека за време на разговорот било покренато и прашањето за кинескиот регион Тајван, кое, според јавните извештаи, не било тема на нивниот состанок во Јужна Кореја во октомври.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Си за време на разговорите нагласил дека прашањето за кинескиот регион Тајван е најважно во односите меѓу Кина и САД, нагласувајќи дека Тајван е територија на Кина и дека Пекинг нема да дозволи негово одвојување.

Во соопштението се вели и дека САД мора да бидат претпазливи кога станува збор за продажба на оружје на кинескиот регион Тајван.

Кина претходно изрази незадоволство од продажбата на оружје од страна на САД на кинескиот регион Тајван во вредност од 11 милијарди долари, одобрена во декември, по што кинеската војска спроведе дводневна воена вежба со боева муниција, за која се вели дека симулирала изненадувачки напад врз островот.

Според американскиот секретар за финансии Скот Бесант, Си би можел да го посети Трамп ова лето, или во Вашингтон или во Мар-а-Лаго.

Двајцата лидери би можеле да се сретнат и на самитот на Г20 во Мајами и на состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка во Шенжен.

Првата недела од април се совпаѓа со годишнината од царините на Трамп, кога тој воведе огромни царини за Кина и десетици други земји на таканаречениот „Ден на ослободувањето“ како дел од пошироката трговска реформа.

Подготвено од М.Д.

About Author