20.02.2026 Скопје
Националните влади сметаат дека повеќе не може да се потпрат на пазарите за време на криза и дека храната, како и енергијата, мора да се третира како свој, домашен стратешки имот! А, од друга страна, економистите и трговските претставници возвраќаат дека кога многу земји складираат вакви ресурси одеднаш, тие ризикуваат да го намалат глобалното снабдување, да ги зголемат цените и да им наштетат на најсиромашните увозници.
На почетокот на 18 век Финска била запознаена со стравот од глад. Глад поттикнат од непредвидлива клима уби една третина од населението во 1690-тите. Големата северна војна со Русија дополнително го нарушила земјоделството, како и сè друго, во првите 20 години од векот. Па така, во 1726 година земјата почнала да произведува и издвојува жито за да се осигури дека може да го нахрани населението во случај на вонредна состојба. Долгите зими, кратката сезона за раст на житните култури и нарушувањата од судирот на империите го налагале тоа.
Три века подоцна таа логика ја обликува политиката далеку надвор од Финска. Децении откако владите ги намалија резервите на храна и ја положија својата доверба во глобалната трговија, сè поголем број држави ги обновуваат резервите за итни случаи. Од Шведска и Норвешка до Индија и Индонезија, државите обезбедуваат сè поголеми количества ориз, пченица и други основни производи како осигурување од свет што сè повеќе го сметаат за нестабилен.
Кога заврши Студената војна, на некој начин бевме единствените што останаа со доволни количества храна… бидејќи никогаш не знаете што ќе се случи – вели Миика Иломаки, главен специјалист за подготвеност во финската национална агенција за снабдување со стоковни резерви.
Финска долго беше сметана за исклучок со обезбедувањето свои стоковни резерви, додека сега нејзиниот сосед Норвешка повторно ги обновува своите резерви од жито, а „Шведска ги презема првите чекори за да ги има тие резерви“.
Храната, како и енерг ијата, мора да се третира какостратешки имот
Обезбедувањето производство на храна и имањето резерви за своите граѓани се последица на низа шокови и вонредни состојби: пандемиските нарушувања, општото чувство на глобална вознемиреност со војната во Украина и неодамнешните конфликти во Газа, Венецуела и Иран, климатската нестабилност и споровите во трговијата. Многу од националните влади сметаат дека повеќе не може да се потпрат на пазарите за време на криза и дека храната, како и енергијата, мора да се третира како стратешки имот. Економистите и трговските претставници возвраќаат дека кога многу земји складираат ресурси одеднаш, тие ризикуваат да го намалат глобалното снабдување, да ги зголемат цените и да им наштетат на најсиромашните увозници.
Еродира довербата во глобалните пазари
Европа се откажа од интервентното купување во рамките на Заедничката земјоделска политика. Нордиските земји ги уништија резервите од жито од Студената војна. Дури и државите што не беа сигурни во однос на храната сè повеќе се потпираа на глобалните пазари.
Таа доверба нагло еродираше од 2020 година, кога пандемијата на ковид-19 ја откри кревкоста на синџирите на снабдување „точно навреме“. Војната во Украина две години подоцна го наруши снабдувањето со еден од најважните извозници на жито во светот.
Климатските шокови – суши, поплави и топлотни бранови – станаа почести и потешки за предвидување. Во исто време трговијата стана геополитичка алатка, која кулминираше… За многу влади, заклучокот е едноставен: производството на домашна храна и создавањето стоковни резерви е суверенитет за храна, затоа што во екстремни сценарија не може да се верува дека некои сојузници ќе испорачаат храна кога е најпотребна.
Подготвено од М.Д.