04.02.2026 Скопје
Американската администрација се согласи да одржи разговори со иранските претставници во Оман, а консултациите се очекува да се одржат на 6 февруари, објави Барак Равид, новинар на американски портал.
Според неговиот извор во една арапска земја, „се очекува нуклеарните разговори меѓу САД и Иран да се одржат во Оман в петок“.
Според овие информации, „администрацијата на Трамп, на барање на иранската страна, се согласила да ги премести преговорите од Турција“.
Новинарот додаде дека „консултациите сè уште се во тек за тоа дали арапските и муслиманските земји ќе учествуваат во преговорите во Оман“.
Тој исто така напиша дека Белата куќа досега одбила да коментира за овие наводи.
Аксиос претходно објави дека Иран има намера да го промени форматот на преговорите со САД во билатерални и да го премести местото на одржување од Истанбул во Оман.
Подготвено од М.Д.