25.02.2026 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека просечната плата во Србија во декември изнесувала 1.057 евра.
За време на својот говор, по отворањето на изложбата „Нити државности“, Вучиќ изјави дека на Србија ѝ недостасуваат занаетчии и работници во производствениот сектор, особено кај младите луѓе.
Сакам да ве информирам дека просечната плата во Србија во декември била 1.057 евра и дека со ова е постигнато нешто што никој досега не го постигнал во историјата, дека платите на српските граѓани се над 1.000 евра, значително над 1.000 евра – рече Вучиќ во Палатата на Србија.
Тој додаде дека Белград, Нови Сад и Бор имаат највисоки плати.
Подготвено од М.Д.