04.02.2026 Скопје
На нова рунда преговори ќе учествуваат американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер со Русија и Украина во Абу Даби, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.
Таа оцени дека пратеникот Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, „го направил невозможното возможно“ кога станува збор за постигнување мир на Блискиот Исток и дека затоа се очекува слично да биде направено и во случајот со војната во Украина. Таа трилатералните состаноци од јануари оваа година ги нарече „историски“.
На разговорите во јануари, американската делегација ја сочинуваа пратениците Виткоф, Кушнер и Џош Груенбаум, како и воениот секретар Ден Дрискол и генералот Алексус Гринкевич. Украина ја претставуваа шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирило Буданов, советникот за национална безбедност Рустем Умеров и началникот на воениот штаб, генерал Андриј Хнатов, заедно со советниците Сергиј Кислица и Давид Арахамија. Рускиот тим го предводеше шефот на руската воена разузнавачка служба Игор Костјуков.
Подготвено од М.Д.