https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.6435-9/127243750_3659699220742930_4447056681248056287_n.jpg?_nc_cat=101&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=G7aOQDciM3cAX9Sw_Cj&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT90GQQjU3S8HGOSzSHs4vdcZ4_16AfQw9T9OVTINdMHZw&oe=62F50248

11.02.2026 Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на социјалните мрежи на кое се прикажува расчистувањето на просторот во Градскиот парк каде што е предвидена изградба на новиот Луна парк. Тој информира дека се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки и дека локацијата се подготвува за реализација на проектот.

„Ред мора да има. Се расчистува просторот за изградба на Луна паркот, старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата.

На 12 декември лани, Ѓорѓиевски потпиша започнување на јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк. На овој простор од 84.000 квадратни метри ќе никне место каде семејствата ќе поминуваат квалитетно време заедно, каде ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.

Панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити ќе создадат уникатна атмосфера која ќе го збогати туристичкиот имиџ на Скопје, најави градоначалникот тогаш.

Со Флораком и Луна се обновува зелената инфраструктура и се враќа Луна паркот, кој ќе биде завршен во втората половина на 2027 година, рече Ѓорѓиевски минатата недела.

Луна паркот ќе биде комплетно прилагоден и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео надзор и прва помош.

Подготвено од М.Д.

About Author