17.02.2026 Скопје
Средната возраст на населението во РС Македонија во 2025 година изнесува 42,21 година, што е за речиси пет години повеќе во однос на 2015 година, кога просекот бил 37,4 години. Иако земјава и понатаму има помладо население од просекот на Европската унија, трендот на стареење е изразен.
Според податоците на Еуростат, просечната возраст во ЕУ изнесува 44,9 години, што е зголемување од 2,1 година во однос на 2015 година (42,8 години).
Во Регионот, помладо население од РС Македонија има само Црна Гора со 40,4 години. Постаро население имаат Албанија (44,3 години) и Србија (45,4 години). Просечната возраст во Грција и Бугарија е 47,2 години, додека во Хрватска и Словенија изнесува 45,5 години.
На ниво на Унијата, најмладо население има Ирска со 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.
Стареењето е најизразено во Словачка и Кипар, каде средната возраст е зголемена за 4 години во изминатата деценија. Следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (+3,8 години), како и Португалија (+3,7 години).
Иако РС Македонија сè уште е под европскиот просек, податоците покажуваат дека демографското стареење се забрзува и во земјава.
Подготвено од М.Д.