26.02.2026 Скопје
Во Еврозоната, годишната стапка на инфлација во јануари годинава изнесуваше 1,7 проценти, што е помалку отколку во декември, кога изнесуваше два проценти, а во Европската Унија беше два проценти, 0,3 проценти помалку отколку во декември, според Евростат.
Во јануари 2024 година, стапката на инфлација во Еврозоната изнесуваше 2,5 проценти, а во ЕУ 2,8 проценти.
Кога станува збор за земјите-членки, најниски годишни стапки во јануари 2026 година се забележани во Франција, 0,4 проценти, и Данска, 0,6 проценти. Потоа следуваат Финска и Италија, обете со еден процент.
Највисоки годишни стапки беа во Романија, 8,5 проценти, Словачка, 4,3 проценти и Естонија, 3,8 проценти.
Во Хрватска, годишната стапка на инфлација во јануари, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, изнесуваше 3,6 проценти.
Статистичарите истакнуваат дека во споредба со декември 2025 година, годишната инфлација се намали во 23 земји-членки, остана стабилна во една и се зголеми во три.
Најголем придонес кон годишната стапка на инфлација во еврозоната во првиот месец од 2026 година имаа услугите со 1,45 процентни поени. По нив следуваат храната, алкохолот и тутунот со 0,51 процентен поен, неенергетските индустриски стоки со 0,09 процентни поени и енергијата со 0,39 процентни поени.
Подготвено од М.Д.