04.02.2026 Скопје
Државата има побарувања од над 200 милиони евра и тоа од речиси 6 илјади должници. Официјалните податоци велат дека само за даноци и придонеси долгот изнесува близу 200 милиони евра, додека износот на неплатените царински давачки е 3,5 милиони евра.
Обврските требало да се подмират до 30 септември, но до крајот од 2025 година не биле регулирани.
На последната листа на должници што Управата за јавни приходи ја објави на 9 јануари, посочено е дека меѓу нив се нешто над 2.000 се фирми. Најмногу должат десет компании, а помеѓу нив се две јавни претпријатија.
Подготвено од М.Д.