23.02.2026 Скопје
Бугарија не може да стави вето, бидејќи тогаш и формално ќе бидеме членка на ЕУ, ќе бидеме на масата, а знамето на државата ќе се вее во Брисел, доколку тој процес се операционализира, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со cценариото за членство во ЕУ „од втора класа“, односно без право на глас.
РС Македонија во Европската Унија (ЕУ), но без право на глас. За едни тоа звучи како членство од втора класа, а за други – како историски исчекор, зависно од аголот на гледање.
Со изјавата дека земјата би можела на почетокот на 2027 година да седне на европската маса, но без право да одлучува, премиерот Христијан Мицкоски практично отвори прашање што ја надминува дневната политика и навлегува во суштината на европската идеја.
Подготвено од М.Д.