PARI DENARI

26.02.2026 Скопје

Пратениците во македонското Собрание ја изгласаа потребата од носење на законски измени за намалување на функционерските плати до 13.000 денари преку намалување на коефициентите за пресметка на платите, но не ги поддржаа измените на Законот за минимална плата со кои се бараше зголемување на минималната плата на 600 евра.

Законот беше поднесен од опозицијата со образложение дека секојдневно растат животните трошоци и дека растот на минималната плата кој треба да уследи во март со законското усогласување не е доволен за да граѓаните ги подмират месечните минимални трошоци.

Пратениците од власта го повторија ставот на Владата дека треба да се најде одржливо решение и дека зголемувањето на минималната плата треба да произлезе од договорот меѓу засегнатите страни.

Згоемување на минималната плата веќе долг временски период бара и Сојузот на синдикати на Македонија посочувајќи дека секој месец расте вредноста на минималните месечни трошоци на едно четирчлено семејство. Податоците од ССМ покажуваат дека само во првите два месеца од годинава месечните минимални трошоци се зголемени за две илјади денари, речиси колку што се очекува во март да се зголеми минималната плата со законското усогласување што значи дека најавеното зголемување е веќе однапред изедено.

Подготвено од М.Д.

About Author