13.02.2026 Скопје
На следниот формален самит на Европската Унија (ЕУ) во март ќе биде претставен акциониот план „Една Европа, еден пазар“, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека планот ќе биде претставен со детални рокови и цели за зајакнување и обединување на европската економија, а исто така оцени дека Европскиот систем за трговија со емисии (ETS) има јасни предности и механизми за контрола на цените на јаглеродот.
Подготвено од М.Д.