14.01.2026 Скопје
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски преку својот фејсбук профил информира дека е почнато површинско чистење на депонијата Вардариште.
Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште.
Следува процесот на одгасување, а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот!, пишува градоначалникот.
Подготвено од М.Д.