tramp-zelenski-florida-srestha

15.01.2026 Скопје

Претседателот на САД, Доналд Трамп во вчерашното интервју изјави дека Украина, а не Русија го забавува евентуалното склучување на мировен договор.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја заврши речиси четиригодишна инвазија на Украина, додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е порезервиран.

Мислам дека (Путин) е подготвен да склучи договор. Мислам дека Украина е помалку подготвена да склучи договор – наведе Трамп.

Тој, на прашањето зошто сè уште не е решен најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, одговори – „Зеленски“, одговори Трамп.

Подготвено од М.Д.

About Author