Vucik

27.01.2026 Скопје

Српскиот шеф на државата, Александар Вучиќ, обелодени дека годинава ќе се одржат избори во Србија, потенцирајќи дека најверојатниот период за нивно спроведување е меѓу октомври и декември.

„Ќе одиме на избори оваа година, а тие веќе победуваат со значајна предност, тоа е факт. Сметам дека изборите ќе бидат на есен, тоа е поизвесна варијанта“, истакна Вучиќ.

Тој не ја отфрли можноста за поднесување оставка на челната позиција во Србија, при што би се одржале истовремено парламентарни и претседателски избори.

Вучиќ, исто така, се осврна на случајот „Генералштаб“, нагласувајќи дека е подготвен да ја прифати целосната одговорност за овој случај.

„Носам целосна одговорност за „случајот Генералштаб“, комплетна одговорност и очекувам да поднесат обвинение против мене. Себеси нема да си дадам помилување, ќе им дадам на сите други, но не и на себе“, порача Вучиќ.

Подготвено од М.Д.

About Author