nacionalna-opera-i-balet-1-scaled

29.01.2026 Скопје

Во Националната опера и балет во Скопје вечер ќе биде одржано 71-издание на изборот „Спортисти на годината 2025“.

На оваа традиционална спортска манифестација ќе бидат прогласени и наградени најуспешните македонски спортисти, тренери, спортски тимови и репрезентации и национални спортски федерации за 2025 година, во девет категории.

Во рамки на настанот ќе се одржи и доделување на 500 стипендии „Спортска надеж“, наменети за млади, талентирани македонски спортисти – репрезентативци во различни спортови и категории, како континуирана поддршка од државата за нивниот спортски развој и напредок.

Манифестацијата е во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на РС Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author