donald-trump-grenland-FOTO-X-1024x768

22.01.2026 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп во воведниот говор на Светскиот економски форум во Давос изјави дека „нема да употреби сила“ за да ја преземе контролата врз Гренланд, што веднаш предизвика скок на индексите на светските берзи.

Тој повторно инсистираше дека на САД им е потребна сопственоста врз големата арктичка територија заради воспоставување систем за ракетна одбрана и меѓународна безбедност.

Не можете да го браните со лизинг – рече Трамп.

Само САД „се во позиција да можат да го обезбедат Гренланд – им рече тој на лидерите во Давос.

Тој рече дека „бара итни преговори за повторно да разговараат за стекнувањето на владение врз Гренланд од страна на САД“.

За време на високиот собир во швајцарското алпско одморалиште Трамп има испланирано голем број состаноци за Гренланд.

Европските сојузници на НАТО изразија солидарност со Данска и Гренланд, но Трамп рече дека од 1 февруари ќе воведе казнени царини за да изврши притисок врз противниците на продажбата на арктичкиот остров на САД.

Трамп денеска изјави дека ставот на САД за стекнување на Гренланд од Данска не е променет: „Можете да кажете да и ние ќе бидеме многу благодарни или можете да кажете не и ние нема да ви заборавиме“.

Подготвено од М.Д.

About Author